Socom

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size

Прва неформална средба на млади музички уметници

На 26 мај (сабота) во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија, по иницијатива на раководството, ќе се одржи Првата неофицијална средба на млади музички уметници. Целта на средбата е преку неформално дружење да се поттикне соработката меѓу младите автори (композитори и музиколози) со музичките уметници.


Повеќе...

Македонски уметници со Македонската филхармонија

На последниот концерт од циклусот „Кирилица“, под диригентската палка на Борјан Цанев, како солисти ќе се претстават: Владимир Крстев - виолина, Владимир Лазаревски - обоа, Ванчо Стојановски - фагот и Паскал Краповски - виолончело

Денешниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во Домот на АРМ во 20 часот, ќе биде посветен на македонски уметници. На последниот концерт од циклусот „Кирилица“, под диригентската палка на Борјан Цанев, како солисти ќе се претстават: Владимир Крстев - виолина, Владимир Лазаревски - обоа, Ванчо Стојановски - фагот и Паскал Краповски - виолончело, кои прв пат во Македонија ќе ја изведат Симфонија кончертанте бр. 2 од чешкиот композитор Бохуслав Мартину.

Повеќе...

Коларовска-Гмирја гостуваше во Грузија

Во периодот 25 април – 2 мај 2012 година проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја беше член на жирито на Третата меѓународна конференција  - натпревар на студентите по музикологија, која се одржа на Државниот конзерваториум „В. Сараџишвили“ во Тбилиси – Грузија.


Повеќе...

Честа е огромна, но обврската да се биде на чело на СОКОМ како асоцијација на еминетни авторски имиња е уште поголема

Сони Петровски

Композиторот и Доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Сони Петровски, на минатонеделната Седница на Собранието на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ беше избран за нов Претседател, кој со здружението ќе раководи во следните две години. Петровски, на чело на СОКОМ доаѓа по неколкугодишното членство во Претседателството на здружението. Во периодот од 2005 до 2007 година, тој ја извршуваше и функцијата уметнички директор на најзначајната манифестација која ја организира СОКОМ – фестивалот „Денови на македонска музика“. Вели дека честа да претседава со СОКОМ како асоцијација на еминентни музички автори е огромна и дека основна цел за време на неговиот мандат ќе биде да се задржи авторитетот на СОКОМ, нивото и квалитетот на она што е создавано децении наназад, но да прострујат и свежи идеи и да се надградат одредени сегменти од дејностите на Здружението.

Претседавањето со Сојузот на композиторите на Македонија е функција, која иако не е од материјален бенефит, носи голем престиж. Чинам дека Вие сте еден од најмладите автори кои во 65-годшната историја на СОКОМ застанал на чело на оваа елитна асоцијација на музички автори и писатели, што несомнено е огромна чест. Што за Вас претставува оваа функција и кои според Вас се најголемите предизвици што таа ги носи со себе?


Повеќе...

Лист 1 од 8

Конкурс за уметнички раководител на „Денови на македонска музика“

Претседателството на СОКОМ на седницата одржана на 09.05.2012 донесе Одлука да упати отворен повик до сите членови на СОКОМ кои се заинтересирани да се пријават за кандидати за избор на Уметнички раководител на манифестацијата “Денови на македонската музика”.

Сите заинтересирани членови на СОКОМ, пријавите можат да ги поднесат до Претседателството на СОКОМ (во електронска форма или лично) надоцна до 18.05.2012 (петок). Кон Пријавата треба да приложат Предлог-концепт на манифестацијата.


Повеќе...


Конкурс за уметнички раководител на „Струшка музичка есен“

Претседателството на СОКОМ на седницата одржана на 09.05.2012 донесе Одлука да упати отворен повик до сите членови на СОКОМ кои се заинтересирани да се пријават за кандидати за избор на Уметнички раководител на манифестацијата “Струшка музичка есен”.

Сите заинтересирани членови на СОКОМ, пријавите можат да ги поднесат до Претседателството на СОКОМ (во електронска форма или лично) најдоцна до 18.05.2012 (петок). Кон Пријавата треба да приложат Предлог-концепт на манифестацијата.


Повеќе...


Конкурс за нарачка на нови музички дела и музиколошки трудови

СОКОМ распишува Интерен конкурс за нарачка на нови музички дела и музиколошки трудови за 2012 година. Пријавите треба да се достават најдоцна до 30 мај 2012 година. Пријавата може да се поднесе преку електронска пошта на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или лично кај секретарот на СОКОМ.

 

Повеќе...